Од 30 октомври до 3 ноември 2024 година група млади од Македонија учествуваа на меѓународна средба на тема за откривање на сопствениот повик, со наслов: „Можна мисија – што навистина сакам во мојот живот?“, во организација на Движењето Фоколари.
На средбата присуствуваа 90 млади луѓе од разни земји во Европа, а се одржаа во првиот град на движењето Лопијано во близина на Фиренца, каде веќе од 60 -тите години од минатиот век се одржуваат училиштата за формација на Фоколарите, за мажи и жени, а од 80 -тите повремено и стални училишта за семејства, свештеници, монаси кои во духовноста наоѓаат поттик да го живеат своето послание. Во Лопијано се наоѓа и седиштето на Универзитетскиот институтот „Софија“.
Средбата изобилуваше со моменти на молитва, размислувања и обожавање, со цел да се открие Божјиот план за сопствениот живот. Притоа, на младите им помогнаа теолози, психолози и жителите на малиот град, кои гостољубиво им ги отворија вратите на нивните фоколари, заедници и семејства и дадоа силни сведоштва за повиците кои ги има во движењето и во Црквата.
Младите исто така имаа можност да ја посетат Падова и светилиштето на Свети Антон Падовански, каде уште подобро го запознаа овој прекрасен светец и неговото послание, кое и денес сè уште вдахновува многу луѓе.
Многу интересна беше средбата и музичката работилницата со Меѓународната група на движењето „Ген Верде, која на младите им ги приближија своите лични искуства за изборот на Бог, како и сведоштва за работата со млади луѓе ширум светот.
После тие пет дена на силно искуство на Божјото присуство и дружење, младите се вратија исполнети со радост, сигурни дека ќе донесат плодовите во нивните животи.
Бригита Етеровиќ/к.мк