Во недела 9 ноември 2025 година во парохиската салата „Света Мајка Тереза“ во Струмица се одржа средба на која беа споделени фотографи, видеа и искуства од Јубилејното ходочестие во Рим, кое се одржа од 22-28 октомври 2025 година, предводено од Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а во организација на Деканатот Свети Кирил и Методиј и парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица
На почетокот протојереј отец Гоце Костов ги поздрави присутните, пренесувајќи ги поздравите и благословот на епископот Стојанов, истакнувајќи дека оваа неформална средба има за цел да се пренесе искуството од ходочестието и потсетување на убавите моменти, кои се историски и несекојдневни.
Во продолжение беа прикажани фотографии и видео инсерти, со кратки коментари за некои од нив, а потоа следуваа споделувања на искуства од учесниците на ходочестието. Преку разговор се потсетија на молебенот на гробот на Свети Кирил Солунски, Генералната аудиенција и светата Литургија со папата Лав XIV, светите Литургии на главните олтари во Папските базилики Свети Иван Латерански и Свети Павле надвор од ѕидините, молитвите на гробот на папата Фрањо и базиликата Света Марија Велика, како и лични искуства.
Средбата заврши со заедништво во салата.
к.мк

