Преку државниот секретар на Светиот Престол, папата Фрањо изрази сочувство до локалниот надбискуп за несреќата во јужниот дел на Мексико, во која загинаа 50 мигранти.
„Изрази на длабока болка и тага за загинатите, гарантирајќи ја својата близина и утеха на нивните роднини, како и желби за брзо закрепнување на поврдените“ – стои во телеграмата со сочувство испратена од кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол во име на папата Фрањо упатена до монсињор Фабио Мартинез Кастиља, надбискуп на Тукстла Гутереш, главниот град на мексиканската држава Чијапас, каде на 9 декември се случи сообраќајна несреќа во која загинаа повеќе од 50 лица, а повеќе од 40 се повредени.
Жртви на трагедијата се мигранти кои патувале од Гватемала и Ел Салвадор за САД. Повеќе од 100 лица патувале во камионот кој се превртел. Молејќи се за покој на починатите, папата Фрањо „во овие моменти на болка“ упатува благослов на ранетите и роднините.
Ватикан њуз/к.мк