Состојбата на Папата е стабилна, прекината е механичката вентилација

Состојбата на Папата е стабилна, прекината е механичката вентилација

Папата Фрањо продолжува да прима кислород и нема температура. Утрово тој учествуваше на света Литургија. Прогнозата останува неизвесна.

Во недела вечер, 2 март 2025 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави следната информација за здравјето на папата Фрањо:

„И денес клиничката состојба на Светиот Отец остана стабилна. Папата немаше потреба од неинвазивна механичка вентилација, туку само дополнителна оксигенација со висок проток. Нема температура.

Со оглед на сложеноста на клиничката слика, прогнозата останува неизвесна.

Утрово Светиот Отец учествуваше на света Литургија, заедно со оние кои се грижат за него во овие денови на хоспитализација. Потоа, наизменично го менуваше одморот со молитва“.

Не се видливи директни последици од изолираниот бронхоспазам од минатиот петок. Сепак, ризикот од влошување на состојбата на Папата останува.

Папата Фрањо е хоспитализиран поради тешкотии со дишењето од 14 февруари.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот