Со света архиерејска Литургија прославен празникот Успение на Пресвета Богородица во Струмица

Со света архиерејска Литургија прославен празникот Успение на Пресвета Богородица во Струмица

Празникот Успение на Пресвета Богородица, воедно и паторнат на Струмичко-скопската епарија и катедралната парохија свечено е прославен во среда 28 август 2024 година, со света архиерејска Литургија која ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, во заедништво со свештеници од Епархијата.

Во проповедта вдаховена од празникот, епископот Стојанов ја истакна централната порака на празнувањето, а тоа е дека по Христос, Богородица е прва и единствена, која со „душа и тело“ е во небесната слава, јасно разграничувајќи дека Господ Исус воскресна и се вознесе со своја сила затоа што е Бог, а Марија е вознесена со силата на Синот Божји. Во продолжение додаде дека со успението на Богородица се потврдува нашата надеж и вера, дека и ние исто како Марија ќе бидеме вознесени во небо.

Епископот Стојанов рече дека Бог е верен на своето ветување, а тоа е на крајот од нашиот земен живот, да нè прослави. Прославата се однесува и на душата и на телото. А за да објасни за каква прослава станува збор, се послужи со зборови од Првото Послание на апостол Павле до Коринтјаните 2,9 во кои апостолот вели: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат“

На крајот од свеченоста епископот Стојанов го благослови заедничкото агапе, а катедралниот парох о. Спасо Ристов се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес во организацијата.

За време на светата архиерејска Литургија пееше катедралниот хор, а Радио Марија вршеше директен пренос.

к.мк

Погледни фотографии

Категорија: Вести, Македонија

За авторот