Чесни сестри станаа хит на интернет
Сиромашните сестри на Исус Христос од Лос Анџелес на својот Фејсбук профил објавија посебно забавно видео, во која три чесни сестри ја пеат „Молитвата на свети Фрањо“, користејќи интересни ‘музички реквизити’.
Сестрите користејќи пластични чаши создадоа интересен ритам при што ја пееја познатата молитва, а на крајот од видеото е прикажана нивната изведба, вклучувајќи и снимки од ‘пробите’ во кои се гледаат неколку смешни неуспешни обиди.
Видеото за 10 дена е погледнато скоро 500 илјади пати, а сестрите со објавата на видеото напишале: „За време на овој период на несигурност, со колку луѓе сте разговарале кои се сомнежи, очај, темнина и тага?
Како луѓе на воскресението, повикани сме да бидеме инструмент на Божјата добрина. Но како можеме да го сториме тоа?
Одговорот може да дојде од нашиот отец свети Фрањо од Асизи, кои ги учеше своите браќа на совршена радост.
Совршената радост не доаѓа кога сè оди како подмачкано во нашите животи, па имаме причина да бидеме среќни. Совршената радост не се темели на чувствата, туку на верата. Се создава во срцата на оние кои знаат дека и покрај сите околности Бог Отец е оној кој нè заштитува.
Битно нет /к.мк
Lord make me a channel of your peace
"Lord, make me a channel of your peace…" (Saint Francis of Assisi)During this time of uncertainty, how many people have you talked to who are in doubt, despair, darkness, and sadness?As Ressucted people, we are called to be an instrument of God's goodness. But, how can we do that?The answer can come from our Serafiph Father Saint Francis of Assisi who used to teach his brothers about the Perfect Joy.Perfect Joy doesn't come when everything is going well in our lives, so we have reasons to be happy. Perfect Joy is not based on a feeling, but on faith.It's generated in the hearts of those who know that above all circumstances, there is a God-Father protecting us.We hope that in the midst of this present crisis, you also give room in your heart so Perfect Joy can grow. Let Our Faithful God use you as a channel of love, pardon, faith, peace, hope, light, and joy in the lives of those around you physically and spiritually!Don't forget to always keep smiling!
Gepostet von Fraternity Poor of Jesus Christ Los Angeles am Samstag, 2. Mai 2020