Со концерт на оргули заврши Студискиот ден

Со концерт на оргули заврши Студискиот ден

Концерт на оргули во Катедралата „Пресвето Сре Исусово“ во Скопје насловен „Оргулски медитации“ во вечерните часови во сабота 10 ноември 2018 година одржа маестро о. Марко Станушиќ, од Сараево Тоа беше завршниот чин од Студискиот ден одржан таа сабота во националната установа „Музеј на македонската борба во Скопје“ на тема „Католичката црква во Македонија низ својата историја“.

На почетокот од концертот присутните ги поздрави Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски монс. д-р Киро Стојанов. „Веројатно ви е познато дека нашите катедрални оргули се единствени во Макеоднија. Имаат 27 звучни регистри распоредени на два мануала, педала и 1.664 свирала. Вечерашниот концерт кој ќе го слушнеме носи наслов „Оргулски медитации“. Да, оргулски метидатции, бидејќи со благородниот звук на оргулите може многу добро да се медитира. Програмата на вечерашниот концерт е токму така концепиран што човек може со духот да се одвои од секојдневната сурова реалност и да се вивне во небесните висини. Ќе слушнеме дела на познати и помалку познати композитори, кои создале опуси кои поттикнуваа на собраност, па и на побожност. Славниот Моцарт оргулите ги нарекол „царица на инструментите“. Тие се најголеми од сите инструменти и се составени од илјадниците делови и свирала. Со својот звук се способни да ги исполнат и најголемите цркви или концертни сали. Имаат најголем опсег на тонови и бои, кои ги нема ниту еден друг инструмент. Вечерашниот концерт ќе ни претстави само дел, би кажале од неограничените можности на комбинации, градации и бои кои ги поседуваат нашите катедрални оргули, од „piano pianissima do forte fortissima“ рече бискупот Стојанов и на сите им посака добредојде.

Меѓу останатите на концертот присуствуваше надбискупот метрополит врхбосански кардинал Винко Пуљиќ, бискупот Мостарско-дувански и апостолски управител требинско-мркански монс. д-р Ратко Периќ  војниот бискуп во БиХ монс. д-р Томо Вукшиќ, како и професори од Католичкиот богословски факултет во Сараево и Православниот богословски факултет од Скопје, свештеници чесни сестри и верници љубители на музиката.

На крајот од концертот бискупот Стојанов се заблагодари на маестро Станушиќ и му врачи благодарница, а присутните му се заблагдарија со долг аплауз.

кта/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот