Слово Божјо за денес: Да бидеме светлина

Слово Божјо за денес: Да бидеме светлина

Од светото Евангелие според Лука (8, 16-21)16. Никој кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. 17. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. 18. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.” 19. Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. 20. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.” 21. А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.”

После параболата за сеачот и семето, кое паѓа на добра и лоша земја, Исус на мноштвото кое внимателно го слуша им кажува уште една парабола: параболата за светлината. Таа сама по себе е сосема јасна. Светилката е тука за да го осветли патот на сите кои се наоѓаат во нејзина близина, и би било лудо да ја поклопиш светилката под сад, така што нејзината светлина да не ја користи никој. Замислете колку луда работа, ја палите свеќата, и потоа ја покривате за нејзината светлина да не се гледа.

Исус во денешната парабола, сака на своите ученици и на мноштвото кое го слуша, да го одврати од тие лудости. Во прашање е неговото навестување и самата вера која со тоа навестување се прима. Неговото проповедање не е само за одредени, иако тој избрал 12 ученицим на кои поблиску за сѐ им зборувал. Сепак тие дванаесетмина заедно со Него не биле садот кој ќе го покрие сјајот на неговото навестување на Царството небесно. Тие од другите љубоморно не ја сокривале таа објава, туку со радост ја пренесувале понатаму. Не биле садот кој ја покрива таа свеќа, туку свеќникот кој помагал нејзината светлина уште посилно да заблеска и така да допре до што повеќе луѓе.

И самиот збор објава, ни зборува за тоа дека нешто се открива, се донесува, се претставува. Така христијанска заедница секогаш продолжува со оваа Исусова поука: Да се шири навестувањето на Царството Божјо и со него да се осветли целиот свет и сите луѓе. (…)

Бог не ги затвора своите врати, Тој не избира меѓу луѓето, кој ќе спаси, туку Бог го чека секого. А за да Му се обратиме потребно е блесок, односно зрак од онаа свеќа. Затоа ние сме повикани да бидеме „свеќниците“ кои ќе придонесуваат таа светилина да се рашири и да зафати колку што може повеќе луѓе. Така тие кои се осветлени со светлината на Христовото навестување, ќе добијат уште повеќе. Ќе бидат добрата земја на која паѓа семето на Божјото Слово и бидејќи постапуваат според тоа Слово, тие раѓаат изобилен род. Оној кој помага на другите, кој ги осветлува другите, со нивното расветлување добива уште повеќе, а оној кој се затвора во себе и во својот круг на луѓе од него се одзема и тоа што го има. Бидејќи светлото не може долго да издржи под затворениот сад.

Затоа да бидеме отворени кон другите и на сите да им го пренесуваме Словото Божјо. Повикани сме да биде свеќници од кои ќе се шири светлината на Словото Божјо. Нека тоа Слово секогаш нѐ придвижува сите нас и ги осветлува сите кои се во нашата близина.

Фра Звонимир Павиќиќ/Лаудато/к.мк

 

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот