Скопје: Семејството – надеж и иднина

Скопје: Семејството – надеж и иднина

На 12. март во просториите на Црвениот Крст на град Скопје се одржа средба за семејствата во организација на Движењето на Фоколарите.

На средбата  учествуваа стари, млади, и деца од неколку градови во Македонија, кои заеднички споделија лични искуства од своите животи.

Во програмата богата со музички точки, искуства и глума се разговараше и за предизвиците на семејството во современото општество. На средбата  беше истакната потребата од негување и зачувување на семејните вредности, како темел за постигнување на  здраво општество .

Средбата заврши со заедничко дружење во просториите на салата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот