Конфликтите во светот, сиромаштијата, злоупотребата и сексуалниот идентитет беа централни теми на работата на Синодата во вторник и среда, изјави претседателот на Комисијата за информирање, д-р Паоло Руфини и секретарот на Комисијата, Шеила Пирес. Шестата генерална конгрегација на Синодата беше отворена во вторникот со медитација на кардиналот Артур Рош, кој потсети на опасноста од крвава војна со насилство во Газа и Израел
Темите на Синодата беа фокусирани на конфликтите во светот, сиромаштијата, злоупотребата и сексуалниот идентитет, соопшти во вторникот 10 октомври 2023 година на брифинг со новинарите претседателот на Комисијата за информирање од XVI редовно генерално собрание на Епископската синода д-р Паоло Руфини и секретарот на Комисијата, Шеила Пирес.
На брифингот со новинарите гостин беше кардиналот Жералд Сиприен Лакроа, надбискупот на Квебек во Канада, кој го сподели своето искуство за „збогатување“ од последните неколку дена беше во салата Павле VI.; Грејс Вракија, сведок на синодалниоткиот процес од Океанија, која ја истакна важноста на малите заедници во Папуа Нова Гвинеја; и Лука Казарини, активист и основач на Mediterranea Saving Humans, невладина организација посветена на спасување животи на луѓето во Медитеранот.
Лука Казарини го сподели своето моќно сведоштво, нарекувајќи го искуството средба на две сиромаштва: материјално сиромаштвоа на оние кои се принудени да го напуштат своето единствено богатство, а тоа е нивната сопствена земја; и духовната сиромаштија на Западот, кој ја изгуби способноста да оплакува и да ги отфрла ужасите.
Д-р Руфини на брифингот извести за малата работна група одржана во вторникот во Домот на Света Марта, каде што некои од сиромашните во Рим беа поканети на ручек со папата Фрањо и со Папскиот делител на милостина, кардиналот Конрад Крајевски. На масата учесниците беа прашани што очекуваат од Црквата. Нивниот одговор беше: „Љубов. Само љубов“, рече ватиканскиот префект за комуникации.
На Генералното собрание во вторник на 10 октомври присуствуваа 339 членови, а во среда наутро на 11 октомври 345 членови. Членовите заедно ја молеа молитвата Ангел Господов, која ја предводеше кардинал Матео Марија Зупи, претседател на Италијанската бискупска конференција.
Кардиналот молеше за застапништвото на Свети Иван XXIII, чиј литургиски спомен – ден се чествува на истиот ден, кога се слави и датумот на отворање на Вториот ватикански собор.
Ватикан њуз/к.мк