Сестра Еврозија: Молете се за душите во чистилиштето

Сестра Еврозија: Молете се за душите во чистилиштето

Сестра Марија Христина Исусова, како добра христијанка, го гледала својот ближен и во светите души во чистилиштето.

„Таа имаше посебна и многу голема набожност кон светите души во чистилиштето. При секоја тешкотија, таа брзо прибегнуваше кон нив за помош. За да им помогне, таа честопати даваше да се служи света Литургија за нив велејќи: Овие души, во нивниот огнен затвор страдаат ужасно… и ништо не можат да сторат за да се ослободат од овие неподносливости, страшни маки…

Тие ја чекаат со трпеливост нашата помош… Често во своите беседи ни напомнуваше и покажуваше да се молиме за оние сиромашни души и никогаш не ги забораваше… Зашто, додаваше таа, сѐ што правиме сега за нив, еден ден ќе го прават тие за нас. Треба да го подготвиме патот за идниот живот. Да не ги заборавиме и да се молиме за нив! Овие зборови многу често ни ги повторуваше нашата настојничка!

Втората сестра додава: „Нашата добра настојничка настојуваше многу да бидеме набожни кон душите во чистилиштето и бараше, секој ден да ја кажуваме малaта Бројаница за нив. Бидејќи во првите години, во Паљурци имавме многу тешкотии со водата, прва потреба за секоја куќа со многу народ, ова тешко и многу важно прашање се разреши брзо благодарение на душите во чистилиштето. За благодарност, таа ни нареди, секогаш кога црпиме вода од бунарот, да си кажуваме по една молитва за нив.

Третата сестра вели: Забележав дека нашата мила основателка чувствуваше големо сочувство кон душите во чистилиштето. Таа им помагаше со молитва и добри дела, а често нѐ советуваше да си спомнуваме за овие души, а посебно – за најзаборавените за кои никој не мисли; не пропушташе да ни спомне да се молиме и за оние души кои во текот на својот земен живот го сакале и го почитувале посебно Таинствениот Исус.

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот