На празникот Сите светци, „Заедницата Папа Иван XXIII“ одржа момент на молитва на гробиштата во повеќе италијански градови каде се закопани деца кои никогаш не се родени.
Тоа се местата на кои се присетуваме и придодаваме важност на животот на децата кои требало да се родат, но заради абортус никогаш не дошле на светот.
Секој живот кој процветува е прекрасен Божји дар, па и ако живее само неколку месеци во мајчината утроба – рече во разговор за Ватикан њуз Џовани Рамонд главен директор на „Заедницата Папа Иван XXIII“, зборувајќи за смислата на иницијативата. Според поранешната практика, тие фетуси би требало да се фрлат во ѓубре – потсети Рамонд – но христијанската вера, како и човечкото достоинство нѐ поттикнуваат да ја признаеме светоста на тие созданија.
Право на родителите
Погребот е признавање на достоинството на тие мали животи, свесност и облик на близина со родителите. Им даваме место на кое можат да одат секоја година, како што тоа го правиме со своите мили за да ги посетиме и да се молиме за децата кои повеќе ги нема – додава Рамонд. Станува збор за можноста која ја изградивме и постигнавме со надлежните здравствени власти. Сега сето тоа е веќе предвидено со закон; родителите можат без чувство на вина да ја бараат таа услуга – истакна директорот на заедницата и додаде дека погребот на нивното неродено дете денес е потполно право на родителите.
Заедницата Папа Иван XXIII
Заедницата Папа Иван XXIII се зазема за погреб на фетусите од април 1999 година кога дон Оресте Бенци го водел погребот на момчето Матеј, син на една жена која го загубила детето во 20 недела од бременоста. Отогаш заедницата помогнала на стотици родители да постигнат достоен погрев на нивното дете, најмногу после спонтан абортус.
Потсетуваме дека Заедницата Папа Иван XXIII е меѓународно здружение на верници со папско право. Во 1968 година ја основа дон Оресте Бенци и отогаш се зазема во борбата против маргинализацијата и сиромаштвото. Денес таа заедница има повеќе од 41.000 членови во светот, благодарение на повеќе од 500 установи како што се куќи за семејства, народни кујни за сиромашни, прифатни центри, терепатски заедници, т.н. „витлеемски колиби“ за бездомниците, отворени семејства и куќи за молитва.
Ватикан њуз/к.мк