СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Триесети ден: Душа љубителка на Пресветото Срце

Следејќи го примерот на света Магдалена, која седеше при нозете на добриот Учител, Го созерцуваше, Го слушаше и Го љубеше со безрезервна љубов, душата љубителка на Срцето Исусово постојано ќе се враќа, со духот и со срцето, на тоа место на љубовта.

Нејзината должност ќе биде во сè да го утешува Божественото Срце поради рамнодушноста и неблагодарноста на луѓето.

Со еден збор, таа ќе вложи секој напор да страда од љубов, во љубов и за Љубовта, и така да го заслужи насловот љубителка на Пресветото Срце Исусово.

Господи, допушти ми со најпонизна љубов да ја положам пред Тебе сета љубов на моето срце!

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот