„Ги отворив очите и можев совршено да гледам“; Ова се зборовите на Химена, 16-годишна Шпанка која тврди дека на чудесен начин ѝ е повратен видот откако примила Света Причест во Фатима (Португалија), за време на светата Литургија на Светскиот ден на млади.
Неверојатен настан за можно чудо ги трогна срцата и ги исполни со надеж сите оние кои ја следеа средбата, која овие денови во португалската престолнина присуствуваа повеќе од 1,5 милиони млади.
Химена отпатува од Мадрид за Лисабон со група на Opus Dei. Претходните денови роднини и познаници на младата девојка молеле деветница до Богородица Снежна за нејзино исцелување, а на 5 август Црквата го слави токму тој празник, на денот кога на Химена ѝ се поврати видот.
Две и пол години Химена страдала од губење на видот, додека не останала со само 5% вид.
Утрото на 5 август, кога и Светиот Отец молеше Света Бројаница во светилиштето во Фатима, Химена го прими она што самата го дефинира како „дар“ од Дева Марија. Ова го изјави за шпанското радио COPE кратко време откако и се поврати видот.
На аудио снимката, Химена вели дека се разбудила тоа утро „како што се будела во последните две и пол години, гледајќи матно, фатално“.
Објасни дека појдела на Света Литургија со другарките „бидејќи сме на Светскиот ден на млади и откако се причестив почнав силно да плачам, бидејќи тоа беше последниот ден од деветницата и сакав да оздравам и го замолив Бога, навистина многу го молев.”
„Кога ги отворив очите, можев да гледам совршено“, продолжува младата девојка, „од сè имаше премногу, морам многу да се заблагодарам за чудото, бидејќи го видов олтарот, Дарохранителницата, моите пријатели беа таму и можев јасно да ги видам“.
Освен тоа, таа потврдува дека можела да ја прочита молитвата што ја молела за деветницата и уверува дека сè уште чита „прилично добро“.
Девојката вели дека е „супер среќна“ и им се заблагодарува на сите што беа дел од молитвената група. „Ова беше тест на верата, Богородица ми даде голем дар што нема да го заборавам“, напоменува Химена.
Во изјава за ACI Prens на 6 август, кардиналот Хуан Хозе Омела, надбискуп на Барселона и претседател на Шпанската бискупска конференција“ за време на прес-конференцијата на крајот на Светскиот ден на младите, рече дека ова е можно чудо и можна „Божја милост“.
Тој изјави дека можел да разговара со Химена преку видео повик и таа објасни што се случило. „Девојката беше прилично возбудена, некое време беше слепа, а азбуката за слепи ја учела две-три години.
Покрај тоа, нагласи дека Химена „тој ден со мадридската група требаше да прочита благодарна молитва на светата Литургија“, но откако се причести, можеше да ја прочита без никакви проблеми. Девојката му кажала на кардиналот дека „девет дена се молеле на Богородица за нејзино оздравување“.
к.мк