Во завршна фаза е изработката на Партикуларното право за Католичката црква од византиско-македонски обред.
Според можностите и обврските кои произлегуваат од Законикот на Канони за Источните Цркви (Codex Canonum Ecclesiarum Orientalium), секоја Автономна Црква (Еcclesia sui iuris), призната од Апостолскиот престол во Рим, каква што е Црквата во Македoнија, спроведува свое Партикуларно право, а во согласност со општиот Кодекс на Црквата. Партикуларното право е правното уредување на Црквата во покраината во која делува според сопствените традиционални, обредни и културни наследства.
Општиот Законикот на Канони за Источните Цркви беше прогласен од Папата Иван Павле II на 18 октомври 1990 година, а влезе во сила една година подоцна и е Кодекс за сите цркви sui iuris, различни од Црквaта од латински обред.
Партикуларното право за Католичката црква од византиско-македонски обред го подготвува комисија именувана од Н.В.П. д-р Киро Стојанов, струмичко-скопски епарх: протојереј ставрoфoр д-р Зоран И. Стојанов, протојереј ставрoфoр Спасо Ристов, отец м-р Ванчо Назов, отец м-р Атанас Сирачев. Стручен соработник избран од бискупот Стојанов и членовите на комисијата е професор д-р Димитриос Салакас, поранешен Егзарх во Атина.
к.мк