Годишните духовни вежби за свештениците, ѓаконите и богословите од Струмичко-скопската и Крижевската епархија се одржаа од 1 до 4 септември во Крижевци, Хрватска.
Духовните вежби ги водеше фра Гауденције Вито Спетиќ OSPPE, а учествуваа Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и Крижевскиот владика моснињор Милан Степиќ, со клерот од нивните епархии.
На почетокот од духовните вежби присутните ги поздрави Крижевскиот епископ монсињор Милан Стипиќ, искажувајќи ја својата радост, претставувајќи го текот на овој духовен настан. Воедно го претстави и духовникот отец Гауденције Вито Спетиќ, Павлинец од Цриквеница.
Во своите почетни проповеди, о. Гауденције се задржа на животот и делото на пророците Илија и Даниел, истакнувајќи го нивниот пример на непоколеблива доверба во Бога дури и во најтешките моменти. Според него, токму нивната верност и храброст треба да бидат поттик и за денешните свештеници и верници да останат силни во верата.
Во наредните предавања зборуваше за свештеничкиот живот и соработката со благодтта.
Во вторник попладне водителот, на молитвената заедница Свети Шарбел, Нико Рончевиќ, ги запозна присутните со молитвената заедница и делото на свети Шарбел.
Покрај тоа свештениците имаа можност да го погледнат и документарниот филм „Хрватски маченици“ на Јаков Седлар.
Во среда попладне на присутните епископи и свештеници им се обрати Апостолскиот нунциј во Хрватска монсињор Џорџо Лингуа.
Духовните размислувања беа проткаени со моменти на молитва, а завршија со благодарна богослужба.
Епископот Стојанов се заблагодари на епископот Стипиќ и свештенството од Крижевската епархија за гостопримството и заедништвото.
Заедничките духовни вежби се резултат на иницијативата на монињсор Стојанов и монсињор Стипиќ.
к.мк