Деканот на деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко – скопската епархија протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов во вторник 14 јуни 2022 година со отец Роман Скрипњук, отец Игор Посоленик и г-дин Андреас Фигурек го посетија Радио Марија, каде беа примени од директорот отец Гоце Костов. На средбата присуствуваше и Филип Стојанов, кој беше организатор на посетата.
За време на разговорот посетителите беа запознати со почетоците, работата и програмата на Радио Марија. Отец Скрипњук, отец Посоленик и г-дин Фигурек ја претставија нивната пасторална работа меѓу Украинците во Атина и Грција. Господин Фигурек спомна за неговите студии во Париз. Исто така стана збор и за актуелната ситуација во Украина и светот, како и за молитвената поддршка која ја дава Радио Марија и воопшто Црквата во Македонија за мир во Украина и светот.
Посетата беше можност да се направи разговор кој наредните денови ќе биде емитуван на програмата на Радио Марија.
Претходно Радио Марија го посетија оците Салезијанци од Стара Загора, Бугарија во придружба на о. Тома Ангелов.
к.мк