Во говорот до членовите на Дипломатскиот кор акрдитирани при Светиот Престол, кој ги прими на 8 јануари на традиционална аудиенција на почетокот од годината, папата Фрањо се осврна на заштитата на животот, на неопходното ангажирање за мир со кој директно е поврзано и ангажирањето за разоружување; исто така зборуваше и за семејството и предизвиците пред него, за грижата кон мигрантите, како и нивната интеграција, за верската слобода, правото на работа и зачувување на животната средина. Тие теми се подеднакво актуелни и во сите земји од кои доаѓаат дипломатските претставници при Светиот Престол.
Имено димломатски односи со Светиот Престол имаат 185 земји. Меѓу нив се – како што стои во соопштението од Канцеларијта за печат при Светиот Престол – вброени и Суверениот витешки малтешки ред, како и Европската унија.
Нови дипломатски односи
Меѓу новите дипломатски односи се вбројуваат оние со Република Унија Мјанмар, воспоставени на 4 мај минатата година. Од 1 до 7 јанауари оваа година на Светииот Отец акредативни писма му предадоа 31 нов амбасадор, од кој – како што е истакнато во соопштението – од нив 17 резидираат во Рим (Гана, Бразил, Еквадор, Египет, Ирак, Италија, Либан, Литванија, Нигерија, Мексико, Црна Гора, Португалија, Србија, Шпанија, Јужна Африка, САД и Уругвај), а 14 се нерезидентни (Мавританија, Мјанмар, Казахстан, Непал, Нигер, Судан, Тринидад и Тобаго, Јемен, Нов Зеланд, Свази, Азербејџан, Чад, Лихтенштајн и Индија).
Жени амбасадори
Во соопштението се истакнува дека меѓу амбасадорите има и 25 жени; 12 резидентни (Австрија, Бенин, Босна и Херцеговина, Грузија, Германија, Ирска, Панама, Перу, Обединето Кралство, Сан Марино, Украина, САД) и 13 нерезидентни (Бурунди, Данска, Обединети Арапски Емирати, Гамбија, Гренада, Гвинеја, Бисао, Казахстан, Летонија, Мавританија, Зимбабве, Катар и Шведска).
Канцеларии на претставништвата
Во Рим се наоѓаат 89 канцеларии на претставништвата на земји акредитирани пр Светиот Престол, како и на меѓународни тела, како што е Лигата на Арапски држави, Мешународната организација за миграција, УНХЦР. Надвор од Рим се наоѓаат 78 претставништва
РВ/к.мк