Човековите права на децата кои се плод на силување во војна мора да бидат почитувани и загарантирани како и на секое друго дете.
Прашањето за децата кои се зачнати со силување во текот на војна беше темата со која надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, се соочи во расправата која му претходеше на гласањето во Советот за безбедност во Обединетите нации кој ја одобри резoлуцијата против силувањето како оружје во војната. Меѓу останатите во расправата учествуваа главниот секретар Антонио Гутереш и добитниците на Нобеловата награда Надиjа Мурад која била киднапирана и држaна како заложник на самопрогласената Исламска држава и Денис Мутвеге лекар од Демократска Република Конго кој специјализирал токму за грижата на жените жртви на сексуално насилство.
Резулуцијата 1325 е одобрена со 13 гласа за и два воздржани, Русија и Кина, а на почетокот против беше САД затоа што во резулуцијата се спомнува помош за репродуктивното здравје што подразбира поддршка на примената на абортус. Во конечниот текст кој заради противењата на САД, Кина и Русија одобрен по долга расправа тоа е исклучено заедно со делот кој се однесува на воспоставување на нов механизам за следење и пријавување на тие воени злосторства.
Надбискупот Ауза силно ги осуди тие неприфатливи злосторства кои ги извршиле вооружени бунтовнички и терористички групи, но и оние кои ги извршиле од редовната војска во некои случаи дури и војници кои Обединетите нации ги испратиле за да служат на благородна цел за зачувувањето на мирот и безбедноста. На молчењето и неказнувањето на тие злосторства мора да се стави крај и да се отстапи место на одговорноста, правдата и обесштетувањето – рече монс. Ауза.
Во својот говор постојаниот набљудувач го сврте вниманието исто така на прашањето за децата кои се плод на сексулано насилство извршено на подрачја на конфликт. Човековите права на тие деца мора да бидат почитувани и гарантирани како и на секое друго дете. Според мислењето на Светиот Престол тие невини млади животи треба да се прифатат, сакаат, да не се стигматизираат или отфрлаат. Уште помалку не смее да им се скратува правото да се родат.
Својот говор надбискупот Ауза го заврши со надеж дека вниманието кое го привлече отворената расправа на Обединетите нации за тоа драматично прашање ќе може да помогне на прежевеаните и на жртвите да пронајдат оздравување и надеж и ќе послужи за воспоставување на цврсти механизми кои ќе овозможат да се доведат пред правдата оние кои ги извршиле тие злосторства.
Ватикан њуз/к.мк