Во соопштението од Ватикан се прецизира дека иницијативата која е во тек во Германија нема овластување да ги обврзе бискупите и верниците на нови начини на управување и нови пристапи кон доктрината и моралот. Се повикуваат да се приклучат на синодалниот пат на општата Црква.
Светиот Престол се огласи во врска со синодалниот процес во Германија, преку соопштение објавено на 21 јули 2022 година.
„За да се заштити слободата на Божјиот народ и извршување на бискупската служба, се чини неопходно е да се прецизира дека „Синодалниот пат“ во Германија нема власт да ги обврзува бискупите и верниците на нови начини на управување и нови пристапи кон доктрината и моралот. Не би било законско да се иницираат нови официјални структури или доктрини во бискупиите, пред договор на ниво на општата Црква, што би било рана на црковното заедништво и закана за единството на Црквата“.
Изјавата продолжува со цитирање на зборовите на папата Фрањо, содржани во Писмото до Божјиот народ во Германија кој е на пат: „Општата црква живее во и од партикуларните Цркви, исто како што партикулаарните Цркви живеат и цветаат во и од општата Црква, а ако се најдат одвоени од целото црковно тело, слабеат, гнијат и умираат. Затоа е неопходно да се одржува секогаш живо и вистинско заедништво со целото тело на Црквата“.
Затоа, желбата е – се наведува на крајот од соопштението – предлозите за одот на партикуларните Цркви во Германија да се спојат со синодалниот по кој оди општата Црква, со цел заемно збогатување и сведочење на единството со што телото на Црквата ја покажува својата верност кон Христос Господ.
Ватикан њуз/к.мк