Свети Пантелејмон (+ 305 година), според житието бил христијанин, личен лекар на Царот Галериј, а примил мачеништво за време на прогонствата на Диоклецијан. Тој е светец – заштитник на лекарите (заедно со Кузман и Дамјан) и на акушерите и е почитуван како светец од многубројните христијански Цркви. Тој се вбројува меѓу четиринаесетте свети Помошници (се повикува против тешките болести). Според хагиографската традиција, тој бил син на Евстрогиј, паганин, многу богат човек во Никомедија, и на Евула, која го едуцирала на христијанството: подоцна, Пантелејмон се беше оддалечил од религијата и студирал медицина, при што станал личен лекар на Галериј. Благодарение на свештеникот Ермолај се вратил на христијанството.
Царот сакал да го поштеди, и се обидувал да го убеди да се откаже од христијанството. Но Пантелејмон отворено ја исповедал својата вера и за да докаже дека е во право, излечил еден парализиран човек: и покрај сѐ, тој пред сѐ беше осуден на смрт во вжарена печка, но пламенот изгаснал, потоа бил ставен во врело олово, но оловото на чуден начин се изладило; во тој момент Пантелејмон бил фрлен во море со камен врзан за вратот, но каменот лебдел на површината од морето, потоа бил врзан за едно тркало, на јажето се скинало, а тркалото се растурило на многу парчиња. Се обиделе да го обезглават, но мечот се свиткал, а мачителите се преобратиле. Пантелејмон го молел Бога да им прости, мотивот поради кој всушност тој го добил и името Пантелејмон што значи, Семилостив).
На крајот, кога тој даде своја согласнот, му била отсечена главата.
Пантелејмон е многу почитуван на Истокот, каде што е наречен великомаченик и се повикува како чудотворец. Ампули кои содржаат одредена количина од неговата крв, според традицијата, собрана од Адаманцио, сведок на мачеништвото зачувани се во Цариград и Равело: други мошти од светецот се наоѓаат во базиликата Свети Денис во Париз, неговата глава се почитува во Лион. Некои мошти се зачуван исто така во црквата Свети Панталон,така е наречен Пантелејмон во Венеција.
Ампулата која се наоѓа во Равело претставува феномен, бидејќи секоја година крвта се растопува во месецот јули; истиот феномен се верификува исто така и во ампулата сочувана во Мантауро.
Мараната/З.А.