Свети Иван Павле II за љубовта помеѓу мажот и жената

Свети Иван Павле II за љубовта помеѓу мажот и жената

Чистотата е духовна сила која знае да ја одбрани љубовта од себичноста и насилството и да ја доведе до нејзиното целосно остварување. Чистотата како крепост не може да постои без способноста за одрекување, жртва, чекање.

Љубовта која се храни и изрекува при средбата на мажот и жената, е Божји дар. Таа поради тоа е позитивна сила, насочена кон нивното созревање како личност; таа исто така е скапоцена залиха за себедарување на чие исполнување, еднакво мажите и жените, се повикани поради своите сопствени остварувања и среќа.

Човековата љубов го опфаќа исто така и телото, а телото ја изрекува духовната љубов. Сексуалноста, тогаш, не е само нешто биолошко, туку првенствено се однесува на внатрешното јадро на личноста.

Чистотата е духовна сила која знае да ја одбрани љубовта од себичноста и насилството и да ја доведе до нејзиното потполно остварување. Чистотата како крепост не може да постои без способноста за одрекување, жртва, чекање.

Човекот, доколку е слика Божја, е создаден за да љуби. Создавајќи ја човековата природа на маж и жена на своја слика… Бог во неа го впишува повикот, па според тоа и способноста и одговорноста за љубов и заедништво. Личноста е способна за поголем степен на љубов: не за љубов на страсти, која гледа само објекти со кои се задоволуваат личните нагонски барање, туку за љубов на пријателство и дарување. Таа љубов е способна за великодушност, слична на Божјата љубов.

Сексуалноста е основна компонента на личноста и таа како своја внатрешна цел има љубов, како дарување и прифаќање, како дарување и примање… Никој не може да го даде она што не го поседува: ако личноста не е господар над себе „во однос на крепоста и чистотата“ тогаш и недостига самосовладување кое го оспособува себедарувањето. Чистотата е духовна енергија која љубовта ја ослободува од себичност и агресивноста.

Во иста мера во која во човекот се ослабува чистотата, неговата љубов станува себична, т.е. станува задоволување на желбите за уживање, а не поголемо себедарување.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот