Преподобна Параскева

Преподобна Параскева

Денес си спомнуваме на преподобна Параскева на монахиња, испосничка и светица од христијанскиот исток.

Света Параскева е родена во местото Епиват недалеку од Цариград во Тракија. Како потомци на благородничко семејство, таа и брати ѝ Евтимиј останале сираци, па одлучиле да го прегрнат монашкиот живот и да влезат во манастир. Уште како девојче додека одела во црква Параскева ги слушнала зборовите од Евангелието: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.“ (Мк 8, 34)

По период поминат во манастир почувствувала повик да му се посвети на Бог во пустина, и во пустината го преживеала аскетскиот идеал со сите негови барања. Меѓутоа еден ден имала визија: Ангелот побарал од неа да се врати меѓу народот во кој е родена. Така по поклонението во Цариград се враќа во Епиват и таму продолжува да живее покорнички живот само уште две години. Починува речиси непознато.

Но неколку години подоцна ја откриле благодарение на едно чудо: за време на некоја тешка болест додека копале јама за труп, една група на луѓе наишле на телото на света Параскева од кое се ширило мистериозен мирис. Тоа било почеток на гласот за светост, кој е проширен насекаде меѓу словенските народи на Балканот, кои ја почитуваат под името преподобна Петка.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот