Реисул – Улема на ИВЗ во Македонија Х .Хфз. Шаќир еф. Фетаи упати честитка до бискупот Стојанов за празникот Велигден

По повод празникот Велигден Реис – Улема на ИВЗ во Македонија Х .Хфз. Шаќир еф. Фетаи упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, која ја пренесуваме во целост.
По повод големиот христијански празник на Католичката Црква Велигден, имаме посебна чест во име на Исламската верска заедница, нејзините органи и институции и во мое лично име, Вас лично, на вашата институција и на сите верници до католичка вероисповед да Ви пренесам срдечни честитки, посакувајќи ви среќа мир, солидарност и соработка за наше заедничко добро.
Среќни празници!
Реисул – Улема на ИВЗ на РСМ
Х.Хфз. Шаќир еф. Фетаи