„Дури и денес Радио Ватикан се развива според иднината, чувајќи ја својата оригиналност и својот идентитет“, рече Паоло Руфини префект на ватиканскиот оддел за комуникација.
Радио Ватикан во петок на 12 февруари на 90 годишнината од своето постоење ќе започне 24 часовна програма со интернет радио.
Интернет радиото кое започнува со емитување на 12 февруари ќе ја направи програмата на Радио Ватикан достапна преку интернет на англиски, италјански, француски, шпански, португалски, германски и ерменски јазик.
Емисиите ќе бидат достапни и преку апликацијата Radio Vatikana. Инаку ова радио веќе емитува преку радио бранови, на кратки бранови, преку саталит DAB + и дигитално.
Овој медиум исто така ќе ја пушти во работа и својата обновена интернетска страница.
Папата Пио XI го основа Радио Ватикан на 12 февруари 1931 година со јасна мисија за пренесување на гласот на Папата и евангелската надеж во секој агол на светот. Радио станицата во државата Ватикан ја изработи пронаоѓачот на радиото Гуљелмо Маркони.
Првиот сигнал кој е испратен од Радио Ватикан е во кодот на Морс. Техничарот ги напишал зборовите: „In nomine Domini, Amen“ – Во Името Господово, Амен!“ И после краткиот вовед на Маркони, папата Пио XI ја упатува на латински својата прва радио порака.
Радиото е доверено на водството на Исусовците кои со него управуваат сѐ до 2017 година. Денес емитува на 41 различен јазик.
„Дури и денес Радио Ватикан се развива според иднината, чувајќи ја својата оригиналност и својот идентитет“, рече Паоло Руфини, префект на ватиканскиот оддел за комуникација во соопштението за јавноста на 9 февруари.
Интернет радиото додаде, „ќе овозможи сите во светот да го слушаат Радио Ватикан на нивните јазици и со нивните паметни телефони или комјутерите.“
Интернет страницата Радио Ватикан беше една од неколкуте медиумски реалности кои на крајот на 2017 година после големите реформи на ватиканските комуникации папата Фрањо, ги обедини во медиумската платформа Vatican News.
Директорот на Ватиканското радио Масимилијано Меничети рече дека ова радио покрај радио коментарите создаде и нови програми, подкаст и аудиокниги.
„Реформата која Папата ја посака нѐ проектираше според новата димензија во која повеќе не сме само радио, туку интегрирана реалност која сѐ уште напредува. Персоналот на Радио Ватикан, кој доаѓа од 69 држави во светот беше причината зошто е роден интернет порталот Ватикан њуз на кој можат да се најдат статии, видео, фотографии, аудио и социјални мрежи“, рече директорот и додаде: „Нашата мисија секогаш била не го оставај никого сам, туку донесувај му ја надежта на христијанското навестување, гласот на Папата и толкување на настаните во светло на Евангелието.“
Ватикан њуз/к.мк