Во просториите на Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на 1 февруари 2020 година се одржа Духовна обнова за свештениците, монашките заедници и црковните движења од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, а по повод Светскиот ден на богопосветените лица.
Средбата ја отвори Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх и во таа прилика одржа пригоден говор, потсетувајќи на зборовите на Светиот Отец, папата Фрањо за време на неговата посета на 7 мај минатата година, кои ги упати на свештениците и богопосветените лица, токму во оваа катедрала.
За време на средбата имаше обожавање на Пресветата Олтарска Тајна и можност да се прими светата Тајна Исповед. Потоа следуваше светата Литургија, која ја предводеше бискупот Стојанов, при што одржа и проповед.
Средбата продолжи со заедничко агапе во салата на Пасторалниот центар.
к.мк