Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во недела 8 декември 2024 година, на патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“ во Стојаково, служеше света архиерејска Литургија во заедништво со деканот протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парохот парохот протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, протојереј отец Гоце Костов, отец Ристо Самарџиски и отец Илија Стојанов.
На светата Литургија, покрај верниот народ од Стојаново присуствуваа сестри Евхристинки од Гевгелија и Скопје, како и верници од други парохии.
Во својата пригодна проповед епископот Стојанов, најпрво ги поздрави присутните свештеници, чесни сестри и верници, честитајќи го патрониот празник на заедницата во Стојаково. Потоа се осврна на на животот и делото свети Климент Охридски
На крајот од светата Литургија отец Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково се заблагодари на епископот Стојанов за неговата пастирска грижа, на присутните свештеници, чесни сестри и верници, како и на оние кои го организираа агапето во дворот на црквата.
к.мк