Прославен патрониот празник во Радово

Прославен патрониот празник во Радово

На патрониот празник на парохиската црква Свети пророк Илија во Радово, 2 август 2018 година, Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски служеше свечена архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од двете епархии и свештеници Македонци кои се на служба вон Македонија. Архиерејската Литургија започна со свечена процесија со министранти и свеќоносци.

Во пригодната проповед епископот Стојанов за Божјото откровение на Илија, но истовремено и случувањата со Илија ставајќи ги во денешен контекст истакна: „Драги браќа и сестри, без да сакам да драматизирам, а посебно не денес, сепак е факт дека и ние во Европа живееме постхристијански времиња. Христијанството како темелна вредност во Европа полека исчезнува. Кога размислуваме за Илија и за неговиот конфликт со царскиот двор, можеме да ги споредиме времињата од неодамнешното минато и ќе забележиме дека сите разголувања и обезвреднувања на христијанството започнале од моќниците на овој универзум. Тешко е, а да не се види како политичките, економските и другите моќници без исклучок се во служба на дехристијанизацијата. Нормално, тоа сега се нарекува со многу убави симпатични и нежни изрази, односно одвојување на Црквата од Државата од така нареченото секуларистичко) општество, од агностицизмот, сепак да запреме кај набројувањето, дали не е вистина дека и во нашето опкружување се појавува модел на живот, како Бог да не постои. По цели денови, дури и поголеми временски периоди живееме, работиме, се трудиме, а на Бога и да не помислиме. Модерниот Ваал исто така е жив и во нашето општество. Тоа е алчноста, материјализмот, тоа е култот на задоволство, кариера, успех и така натаму. Ние не зборуваме за фактот дека тие не можат да бидат оправдани со вредностите на животот, но начинот на кој се доаѓа до нив често се вистинско идолопоклонство и не заслужуваат и не доликува да бидат христијански…“

На крајот од светата Литургија парохот о. д-р Зоран И. Стојанов се заблагодари на епископот Стојанов за духовното слово, како и на свештеници од Струмичко – скопската епархија и Сопска бискупија за нивното присуство, и воедно ја најави светата Литургија во недела, која ќе се служи за сите оние кои се од Радово, а живеат надвор од оваа парохија.

Потоа се измолија молитвите за потполн опрост по намерение на Светиот Отец по што следуваше многулестивие.

Свеченоста заврши во дворот на црквата каде епископот Стојанов го благослови заедничкото агапе приготвено од црковниот одбор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот