Приказната за чудото што го овозможи прогласувањето за блажена на Кјара Луче Бадано

Приказната за чудото што го овозможи прогласувањето за блажена на Кјара Луче Бадано

Немаше ни најмало сомневање од страна на лекарите во признавањето, иако со претпазливост на случајот, за „натприродна“ интервенција во оздравувањето на момчето од Трст. Ова е клучниот момент што овозможи да се започне процесот за беатификација на Кјара „Луче“ Бадано, девојчето од Сасело која замина од овој свет на 19 годишна возраст од остеосарком – рак на коските, но која се соочи со болеста со исклучителна волја и апсолутна вера, толку многу што може да ги воодушеви дури и оние што добро ја познаваа и да предизвика почит и да биде подигната на Божјиот олтар. Еве ги деталите, основните елементи на приказната што ги убедија комисиите, задолжени за проценка на случајот, да одобрат да продолжат со процесот за прогласување.

Јазолот се врти околу „чудото“ што и се припишува на Кјара во оздравувањето на шеснаесетгодишник од Трст, чиј идентитет го знаат само оние кои се занимавале директно со случајот.

Некои аспекти се потврдени од истиот постулатор за канонизацијата, Марија Грација Магрини: „Приказната никогаш не била објавена поради почит кон семејството – објаснува таа – но сега кога момчето стана возрасен човек, некои детали почнуваат да се појавуваат, иако со одредени ограничувања. Момчето ненадејно во 2001 година доби менингитис и веднаш пренесено во болница за деца во Трст. Очајните обиди да го спасат беа неуспешни, залудно беше направен трансфер во друг центар.

Мајката на момчето беше таа што не се откажа и зборуваше со својот брат, кој беше во движењето на Фоколарините. Со исцрпување на можностите на науката, единствениот начин на надеж беше ограничен на верата. Вујкото на младиот човек предложи да бара застапништво од Кјара Бадано, чија историја ја знаеше, за да стигне до Божјата благодат. По една ноќ помината во молитва, следниот ден момчето започна да се подобрува. Мора да се истакне еден многу важен аспект: пред да започнеме да зборуваме за чудо причините за оздравување не смеат да бидат поврзани со терапијата.

„Причината ја испитуваат комисии составени од лекари, теолози и бискупи. За да продолжи процесот, пред сè е потребно лекарите да признаат дека оздравувањето во никој случај не зависи од интервенцијата на науката. Секогаш е тешко дури и на лекар да има најмал сомнеж. Во случајот со момчето од Трст, сите лекари признаа дека терапијата не вродила плод, тие едногласно потврдија дека со помош на терапијата не е можно оздравување: тие се занимаваа со многу сериозен случај, со пет витални органи, кои веќе беа оштетени. И затоа единствената можност да се оправда закрепнувањето беше натприродна интервенција. Тогаш останува на теолозите да испитаат што се случило и учинокот од молитвата.  Конечно, бискупите вршат завршна анализа на целата документација“.

Момчето не ја познаваше Кјара. „Дури ни семејството не ја познаваше. Предлогот започна од вујкото, кој беше дел од движењето и ја следеше приказната за Кјара. Момчето не памети ништо од тоа што се случило“.

papaboys.org/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот