Надбискупот од Манила и префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите и претседател на Меѓународниот Каритас, кардинал Луис Антонио Тагле (63) е позитивен на КОВИД – 19 – соопшти во петок 11 септември 2020 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Филипинскиот кардинал бил позитивен на тестот за коронавирус (брис од грло), во четврток 10 септември земен во Манила, но засега нема симптоми и се чувствува добро, но се наоѓа во задолжителна самоизолација на Филипините.
Со оглед на тоа дека престојувал во Италија минатите денови, бил во Торино на хиротонија, ќе се проверат сите негови контакти при престојот во Италија и Ватикан на, кои ги имал на почетокот на септември. Интересно е што тој на 7 септември бил тестиран на КОВИД – 19 во Рим на 7 септември и тестот покажал дека е негативен на коронавирус.
Ватикан њуз/к.мк