Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, после победата на неделните избори отиде следниот ден да се заблагодари на Богородица во Јасна Гора, најголемото богородично светилиште во Средба Европа.
Полскиот претседател Дуда е деклариран верник католик. Еден ден после изборот за претседател, пред пет години, исто така отиде на поклоничкото место во Јасна Гора, што е јасна порака дека неговата политичка програма ќе биде во склад со програмата на неговата партија која го има мотото>„Бог, чест и татковината“.
На една процесија по повод празникот Пресвето Тело и Крв Христови ќе изјави на новинарите: „Како претседател на никој нема да му кажам дека мора да се моли. Меѓутоа би сакал и на мене никој да не ми го зема правото да ја живеам својата вера“.
На скоро одржаните избори Анджеј Дуда освои нов петгодишен мандат со 51 % гласови, според конечните резултати кои во понеделник навечер ги објави изборната комисија.
Противкандидатот на Дуда, либералниот градоначалник на Варшава Рафал Трзасковски освои 49 % од гласовите.
Двајцата кандидати добија повеќе од 10 милиони гласа, што е прв таков резултат во демократска Полска.
ика/к.мк