Непосредно пред Генералната аудиенција на 14 јуни 2017 година, папата Фрањо замина во салата Павле VI за да ги поздрави болните, кои таму беа собрани, за да не бидат изложени на топлината, која станува се поизразена.
Таму, на мир, преку голем екран, болните можат да го следат текот на Генералната аудиенција. Влегувајќи во салата и поздравувајќи ги сите присутни, Светиот Отец спонтано им се обрати на болните.
„Денес аудиенцијата ќе ја одржиме на две различни места, но сме обидените преку големиот екран, така што овде ќе ви биде удобно, затоа што на улицата е голема жештина! Денес ќе биде „турска сауна“ – се пошегува Папата…
„Ви благодарам што дојдовте. Слушајте го тоа што ќе го зборувам, но со срцето обединети со оние кои се на плоштадот. Црквата е таква: една група овде, друга таму, трета повторно понатаму, но сите сме обединети. А кој ја обединува Црквата? – праша Светиот Отец – Светиот Дух! Да му се помолиме на Светиот Дух сите нас, на ова аудиенција да нѐ обедини…“ предложи папата Фрањо започнувајќи ја молитвата „Дојди Душе Свети“ и потоа „Оче наш“…
На заминување кон плоштадот Свети Петар, Папата уште еднаш сите ги поздрави додавајќи: „Сега ги поздравувам оние кои се овде и продолжуваме поврзани преку големиот екран. Продолжуваме со аудиенцијата. Да се помолиме заедно на Пресвета Богородица – рече започнувајќи ја „Радувај се Маријо“… А сега ве благословувам: Нека Ве благослови семоќниот Бог … Ви благодарам многу и молете се за мене: немојте да заборавите! Ќе продолжиме и понатаму да се гледаме…“ – рече на крајот од својата средба со болните, папата Фрањо.
РВ/к.мк