Поранешниот префект на Конгрегацијата за Католичко образование, полскиот кардинал Зенон Грохолевски почина во петок 17 јули 2020 година во 80 година од животот.
Во телеграмата со сочувство папата Фрањо со благодарност се спомнува за заслугите на кардинал Грохолевски како почитуван професор по канонско право на грегоријанскиот и латеранскиот папски универзитет и како автор на бројни научни публикации. Кардинал Грохолевски великодушно се посвети во служба на Светиот Престол, најпрво како секретар и префект на Црковниот суд на Апостолската сигнатура, а потоа и како префект на Конгрегацијата за Католичко образование – истакнува папата Фрањо.
Кардинал Зенон Грохолевски е роден 1939 година во Бродки во Полска. За свештеник е ракоположен во надбискупијата Познан во 1963 година. Докторира канонско право на Папскиот универзитет Грегоријана. Работи во Врховниот суд на Апостолската сигнатура како записничар, канцелар, секретар и префект од 1979 до 1999 година. Има дадено голем придонес во подготовката на Законикот на Канонското право од 1983 година. Предавал Канонско право на грегоријанскиот и латеранскиот папски универзитет
Папата Иван Павле II. Во 1982 година го именува Грохолевски за титуларен бискуп. Надбискуп станува во 1991 година, а кардинал 2001. Бил постулатор на каузата на блажен Едмунд Бојановски.
Префект на Конгрегацијата за Католичко образование бил од 1999 до 2015 година. До смртта ја врши должности голем канцелар во Папскиот универзитет Грегоријана.
Ватикан њузк.мк