Почина Добре Добрев

Почина Добре Добрев

Заради неговиот едноставен изглед, и самооткажувањето и аскетскиот начин на живот го нарекуваа Добре Добрев, познатиот старец кој со години на улиците на Софија собираше милостиња за да им помогне на сиромашните и оние во потреба, почина на 103 години.

„Со големата жалост Ве известуваме дека нашиот сакан Добре Димитров Добрев денес почина во Господ,“ е објавија бројни медиуми.

Добре Добрев е роден во 1914 година во бугарското село Бајлово. Се оженил на почетокот на Втората светска војна, и набрзо добил четири деца од кои две му починале. За време на бомбардирањето на Софија речиси во целост го губи слухот, а со текот на години сѐ повеќе се стреми кон поскромен духовен живот. На почеткот на 2000 година старецот Добре одлучува својот имот да го подари на Црквата и да живее во потполно сиромаштво покрај црквата „Свети Кирил и Методиј“ во родното Бајлово.

Многу брзо се дознава дека овој скромен старец секој ден од своето село – дваесет километри одалечено од Софија – пешачи во рачно избработена облека за на улиците на бугарскиот главен град, главно пред катедралите да собира милостиња која потоа ја дарува на оние во потреба.

Секогаш со нежен поглед и со пријатна насмевка, кај бројните минувачи предизвикува необична стравопичит, а многумина имале можност да го запознаат, да бараат негов благослов. Заради неговиот едноставен изглед, и самоткажувањето и аскетскиот начин на живот го нарекле „Светецот од Бајлово.“

Познато е дека успеал да собере повеќе од 60 илјади долари кои потоа ги подарил на катедралата во Софија, на својата црква во Бајлово, и за обнова на еден манастир во близина на Софија. Голем дел од средствата подарил и на сиропиталиштата, додека своите потреби ги покривал со државната пензија од 100 евра. Говорел дека со таквиот начин на живот сака да се искупи за својот голем грев од минатото и никогаш не сакал да се фали со своите дела. Пред три години е снимен и документарен филм „Тивкиот ангел“ за добриот старец.

Телото на старецот Добре е изложено во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Бајлово за бројните верници да можат да му изразат благодарност и почит.

Господ нека му даде вечен мир!

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот