Најголемите божиќни јасли во светот се поставени во шпанскиот пристанишен град Аликанте.
Статуата на Пресвета Богородица е висока околу 10,5 метри, на свети Јосиф е висока 18,5 метри, а Детето Исус е со височина од 3 метри. Јаслите се направени од пластика и железо, а во изработката учествувале десетина ликовни уметници.
Со тоа, јаслите со сцена на Исусовото раѓање во Аликанте влезе во Гинисовата книга на рекорди. Најголемите јасли досега беа во Мексико, со големина од пет метри.
Ватикан њуз/к.мк