Последната и најдобрата новогодишна одлука

Последната и најдобрата новогодишна одлука

Новогодишната одлука која ви ја предлагаме е да живеете чудесен живот така што секој ден ќе се одлучите да го следите тоа што Бог го има во план за вас.

Мислам дека е време да ви ја предложам последната новогодишна одлука: престанете да донесувате новогодишни одлуки. Веројатно ќе се случи своите одлуки во првиот месец да ги прекршите. Не ви треба првиот ден од јануари за да го подобрите својот живот – потребен ви е Бог. Животот се живее ден по ден – не година по година.

Напуштете го тој брод

Наместо да донесувате новогодишни одлуки одлучете се да живеете чудесен живот така што секој ден ќе се одлучите да го следите тоа што Бог го има во план за вас. Големи работи се на дофат на рацете, но потребно е прво да се помине низ трње за да се стигне до нив. Донесете одлука дека повеќе нема да се откажувате или да измислувате изговори. Сигурно не сакате да ги загрозите Божјите планови за својот живот.

Поминете некое време во молитва молејќи Го Господ да ви ги открие своите патишта, а после тоа следете ги. Немојте да се изненадите ако наидете на моменти на двоумења или скептицизам околу тоа дали треба да го следите патот за кој мислите дека Бог ви го испраќа. (…)

Задачите доаѓаат со милост

Немојте да се вознемирувате околу следењето на Бог. Неговите задачи во себе содржат милост која ни помага да ги завршиме. Не се работи за нас, туку за Него. Кога света Марија Маргарета имала визија за Пресветото Срце Исусово Го прашала: „Зошто тоа мене ми се случува, јас не сум достојна?

Исус на тоа ѝ одговорил „Да можев да најдам некој по недостоен од тебе, него би го избрал“. Имајќи го ова на ум можеме слободно да кажеме дека недостојноста не е пречка, туку предност. Бог работи со луѓе кои зависат повеќе од Него отколку од самите себе. Погледнете ја само Мајка Тереза едноставна, обична, понизна чесна сестра која го раздрма светот, ширејќи ја Божјата милост. Единствено што правела е едноставното следење на Божјите упатства секој ден.

Читајте!

Исполнете го секој ден со молитва; учествувајте во светите Тајни за да бидете поблиску до Господ и јасно да го слушнете. Постои уште еден начин како можете да го подобрите својот живот и да одите поблиску до Христос – преку читањето католички книги. Духовното четиво е добар извор на инспирација и ни пружи исклучителна прилика да го преиспитаме својот карактер.

Хранејќи ја редовно својата душа со духовно четиво донесуваме важни одлуки на природен и мирен начин – не преку еднодневен новогодишен план за цела година. (…)

Ние не сме новогодишни луѓе, ние сме секојдневни придружници на Христос. Составувањето листа на новогодишни одлуки и поставувањето цели на тој начин не е доволно. Служејќи Му на Бог ние секојдневно самите на себе ја правиме подобра оваа година и секоја следна Среќна Нова година!

Жена Врсна/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот