Порака на папата Фрањо за вториот Светски ден на сиромашните

Порака на папата Фрањо за вториот Светски ден на сиромашните

На сиромашните не им е потребен протогонизам, туку љубов која знае да се сокрие и да го заборави направеното добро – истакна папата фрањо во пораката за следниот Светски ден на сиромашни, кој оваа година ќе се одржи на 18 ноември.

Во светот во кои, иако се соочуваме со бројни облици на сиромаштво, богатството често се поставува како прва цел, во кој многу иницијативе се упатени повеќе кон личното задоволство, отколку навистина да го слушнеме крикот на сиромашните и тука христијанската заедница е повикана да даде знак на близина и олеснување за сите оние кои се во потреба и кои се пред нашите очи, и тоа исто така во соработка со други институции – истакнува папата Фрањо во пораката за вториот Светски ден на сиромашните, кој оваа година е на тема: „Јадникот повикува, а Господ го слуша“.

Светскиот ден на сиромашни, протолкуван како „привилегиран момент за нова евангелизација“ го воспостави папата Фрањо со Апостолското писмо  ‘Misericordia et misera’ на крајот од Јубилејот на милосрдието и одреди да се слави последната недела пред празникот Христос цар. Сега Светиот Отец повоторно истакнува дека овој Светски ден е „мал одоговор“ на сиромашните, како не би помислиле дека нивниот крик е залуден, и како би биле прифатени со знак на радост.

Соработката со другите институции, кои не се поттикнати од вера, туку од човечката солидарност, често пати успева да даде помош, кои самите ние не би можеле да ја оствариме – пишува Папата и додава: Препознавањето дека во бесконечниот свет на сиромаштвото и нашата интервенција е ограничена, слаба и недоволна, води до тоа да ги пружаме рацете кон другите, како со заедничка соработка би можеле поуспешно да дојдеме до целта.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот