Папата Фрањо испрати порака до учесниците на меѓународната конференција која овие денови се одржува во Рим и Асизи по повод 800 годишнина од постоењето на Кустодијата во Светата Земја.
Конференцијата е во организација на Опсерваторијата на верските малцинства во светот и почитувањето на верската слобода, при Министерството за надворешни работи на Италија, а темата гласи „Од свети Фрањо до папата Фрањо: пророштво за помирен свет.“
Нека преку примерот на свети Фрањо Асишки насекаде се прошири пријателството, солидарноста и мирот – посака Светиот Отец во својата порака. Тој изрази задоволство заради изборот на темата, напоменувајќи дека дијалогот меѓу културите и религиите е во промовирањето на мирот, во чувствителниот момент во животот на градот Ерусалим, симбол за сите и тоа мирен соживот меѓу различните народи и религии. Исто така поттикна на автентично служење на животот и достоинство на луѓето, земјаќи ја во предвид различноста на културата, како и човековите и духовните богатства кои бараат да се прифатат со почитување.
РВ/к.мк