Објавена пораката на папата Фрањо за 30. Светски ден на болните кој се одбележува на 11 февруари.
Свети Иван Павле II го воспостави Светскиот ден на болните пред 30 години за да го поттикне Божјиот народ, католичките здравствени институции и цивилното општество на се поголемо внимание кон болните и кон оние кои за нив се грижат. Присетувајќи се на создавањето на тој ден во пораката Папата изразува благодарност до Господ за напредокот кој е постигнат во текот на годината. Направени се многу помрднувања, но сѐ уште е долг патот за да се обезбеди сите болни како и оние кои живеат во места и ситуации на големо сиромаштво и маргинализација да ја добијат потребната здравствена грижа, како и пасторалот кој може да им помогне болеста да ја доживеат во единство со распнатиот и воскреснат Христос, пишува Папата во пораката која е потпишана на празникот Пресвета Богородица од Лорето на 10 декември, а објавена на 4 јануари. Нека 30. Светски ден на болните чија завршна прослава заради пандемијата нема да се одржи како што е планирано во Перу, туку во базиликата Свети Петар во Ватикан – помогне да се расте во близината и служењето на болните и нивните семејства се напоменува.
Осврнувајќи се на избраното мото, Папата напоменува дека милосрдието сфатено не како повремено сентиментално чувство, туку како секогаш присутна и ефикасна сила, ја изразува самата Божја природа, комбинирана сила и нежност.
Најголемото сведоштво на милосрдната љубов на Отецот кон болните е неговиот Единороден Син, стои во порката. Кога луѓето доживуваат слабост и стрдање во сопственото тело како последица на болеста, нивните срца стануваат тешки, стравот се шири, неизвесноста се множи, а прашањата за значењето на она што се случува во нивните животи станува се поитна, истакнува Светиот Отец, присетувајќи се посебно на сите оние во времето на пандемијата кои ги поминаа последните денови од земскиот живот во осаменост, со помош на великодушните здравствени работници, но сепак далеку од своите најмили. Тоа ни помага да видиме колку е важно присуството на сводок на Божјото милосрдие кој по примерот на Исус е милосрдие на Отецот и излева мелем на утеха и вино на надеж на раните на болниот.
Исусовиот повик да бидеме милосрдни како Отецот има посебно значање во однос на здравствените работници, продолжува Папата. Обраќајќи им се директно Светиот Отец истакнува дека нивната служба ги надминува границите на професијата и станува послание. Вашите раце кои го допираат телото на Христос страдалник можат да бидат знак на милосрдната рака на Отецот. Имајте го на ум големото достоинство на својата професија, како и одговорноста која таа ја носи, порачува Папата.
Понатаму Папата во пораката изразува благодарност за научниот напредок на подрачјето на медицината посебно во поновото време. Меѓутоа тоа нас не смее да не натера да ја заборавиме единственоста на секој пациент, неговото или нејзиното достоинство и слабост, напоменува Папата. Пациентите секогаш се поважни од болеста затоа ниту еден тераписки пристап не може да се одвои од слушањето на пациентот, неговата историја, вознемиреност и стравови. Дури и кога не е можно да се излекува, секогаш може да се даде грижа. Секогаш е можно да се утеши, секогаш е можно да се изрази близина фокусирана повеќе на личноста отколку за нејзината патологија, порачува Светиот Отец со израз на надеж дека во склоп на обуката на здравствените работници ќе се овозможи и прилика за развој на способноста за слушање и односи со другите.
Светскиот ден на болните е прилика да се свртиме на центрите за грижа, пишува Папата, наведувајќи дека преку историјата на христијанските заедници се отварале „домови на милосрдниот Самарјанец“ посебно за оние кои немале пристап до соодветна здравствена грижа заради сиромаштво, општествено исклучување или тешкотии врзани за лекувањето на одредена патологија. Во таквите ситуации цената најчесто ја плаќаат децата, старите и оние најслабите. Милосрдни како Отецот, голем број мисионери се споиле во проповедање на Евангелието со градење на болници, амбуланти и домови за грижа. Тие се скапоцени средства со кои христијанското милосрдие поприми видлив облик, продолжува Папата, а Христовата љубов која ја сведочеа неговите ученици, стана поверодостојна.
Сепак пред нас е уште долг пат; во некои земји пристапот до соодветна грижа е луксуз. Тоа го гледаме на пример во недостатокот на достапни вакцини против Ковид-19 во сиромашните земји, но уште повеќе во недостатокот на лекувањето на болести кои бараат многу поедноставни лекови. Во тој контекст, Папата во пораката повторно го афирмира значањето на католичките здравствени институции како вредно богатство кое треба да се заштити и сочува. Присуството на тие институции ја покажува близината на Црквата на болните и сиромашните и во оние ситуации кои другите ги занемариле. Дури во развиените земји, нивното присуство денес е благослов, пишува Папата затоа што освен грижата за телото со целата своја стручност секогаш можат да го понудат и дарот на милосрдието кој е насочен на самиот болен и на неговото семејство. Во времето во кое е раширена културата на отфрлање и животот не е секогаш признат како вреден за прифаќање и живеење овие структури како „дом на милсордието“ можат да бидат пример во заштитата и грижата за секој живот, дури и најкревкиот од почетокот до природниот крај.
Зборувајќи за пасторалната грижа чија незаменлива служба се повеќе се препознава, Папата во пораката истакнува дека ако најлошата дискриминација која ја трпат сиромашните – вклучувајќи ги и болните со слабо здравје, е недостатокот на духовна грижа, не смее да се пропушти да им се понуди Божјата близина, неговиот благослов и неговиот збор, како и славењето на светите Тајни и приликата за пат во растот и созревањето во верата. Светиот Отец на крајот на пораката потсетува дека пасторалната грижа и близината до болните не е само задача на некои посебно одредени министранти, посета на болните, повик кој Христос го упатува до сите свои ученици.
Ватикан њуз/к.мк