По кој пат низ Великиот пост?

По кој пат низ Великиот пост?

Како да пишуваме за Великиот пост, а да не биде секогаш истиот начин на пишување? Сите ние знаеме што е Великиот пост. Мислите автоматски ни се врзани за постот, одрекување од нешто, повлеченост, честопати се сеќаваме на пустината. Како да мораме некаде да побегнеме, чувствуваме како да мораме повеќе да се запрашуваме за своите дела и зборови. Да се сетиме и на Крстниот пат. Малку повеќе да размислуваме за своите крстови.

Па гледаме дека не ни оди. Или можеби ни оди? Се одрековме од месото, чоколадите, можеби малку ослабевме за време на Великиот пост. Тоа би било идеално да се поврзе и балансира. Многу добро се чувствуваме тогаш кога на Велигден гледаме дека сме успеале да го одржиме својот збор и да не јадеме одредена храна, да не зборуваме одредени зборови.

Да, Великиот пост е навистина прекрасно литургиско време кога интимно можеме и мораме да се соединиме со Христовата мака и трпение. Гледаме дека за тоа не ни е потребно посебно мистично искуство. Тоа е време кое ни е дадено на секој од нас. Дадено ни е преку избрани читања, а посебно преку Евангелијата. Пустината, местото каде што остануваш без ништо. Местото каде не можеш својата надеж да ја положиш во човекот, напротив сфаќаш дека целата твоја надеж мора да биде положена во Бог. Искушението е големо. Колку е длабоко искушението, толку посилно мораш да бидеш свесен дека зависиш од Бог – набљудувај го Исуса во пустината. Длабоко е врзан за Отецот и е многу свесен за тоа и кога злобниот дух сака да му ја уништи верата и поддршката од Бог.

Набргу го пронаоѓаш Исуса на гората. На никому апсолутно не му е јасно од присутните што точно се случува. Зборуваат секакви глупости затоа што не го сфаќаат Исусовиот пат. Исус длабоко моли. Само молитвата го соединува со Бог и само таа го преобразува. Тогаш се менува изгледот на нашето срце, но и нашето лице. Но гледај, наскоро недоразбирање, не си ист како другите, живееш нешто што е спротивно на онаа за што денес живееме. Не грижи се, и ти си како Исус. Со својот живот треба да посведочиш дека си зафатен одвнатре со Божјата љубов. Тешко е тоа, но нема врска. Исус ќе ти покаже како да се соочиш со оние кои не го делат истото мислење со тебе. За тоа ти е потребно искуството на Божјото милосрдие. Ако си ја искусил милосрдноста, и ти си милосрден. Секако со тоа мислиме милосрден спрема секој. Милосрдието е силно ако го искусиме. Тоа ги руши во нас нашите животни критериуми – на кого да простиме, а на кого да не простиме. И на крајот голема, блиска и длабоко егзистенцијална, секогаш зачудувачка потресна љубов на света Марија Магдалена спрема учителот. „Жено, каде се тие? Зарем никој не те осуди?“ А таа рече: „Никој, Господи.“ И рече Исус: „Ни Јас не те осудувам. Оди и од сега повеќе немој да грешиш.“ (Иван 8, 11)

Сето ова нѐ следи низ нашиот од во Великиот пост и тоа ни е сосема доволно за интензивно размислување за нашиот живот. Вистина е ова: Бог се вселил помеѓу нас, го зел нашето тело. Потполно ист со нас, освен во гревот. Живеел за нас, мачен за нас, трпи за нас неправда, умрел за нас, воскреснал за нас, се вознесuвa на небото за нас, го испратил Светиот Дух за нас. Сето тоа ни го дал, не го чувал. Набљудувај Го како влегува во Ерусалим, на магаре. Како понизен цар, воопшто не паѓа на глорификацијата (славата) на мнозиството. Не му е тоа важно. Важен му е човекот и само размислува за откупувањето. Некој плаче, некој се весели – сите на крајот го распнаа, го предадоа, побегнаа, го осудија, извршија неправда на Него. Сето тоа Тој многу добро го знае, но љубовта, љубовта и вистината сепак биле посилни…

Доминиканки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот