Пет молитви на света Мајка Тереза за секој ден

Пет молитви на света Мајка Тереза за секој ден

И покрај тоа што молитвата со сопствени зборови, од срце, му е најмила на Бог, од светците секогаш можеме да научиме како треба да молиме. Во тоа нека ни помогнат и овие пет посебни молитви на света Мајка Тереза.

Исусе, доаѓам кај Тебе да ме допреш пред да ја започнам својата дневна работа. Твојот поглед на момент нека се задржи на мене. Дозволи ми да ја почувствувам сигурноста на твоето пријателство. Исполни го мојот дух како би можела да ги поднесам пустините на животната галама. Твојата благословена светлост нека ги осветли моите мисли и дај ми сила за она што треба да го правам со оние кои имаат потреба од мене. Амин.

***

Господи, Распнат и Воскреснат, научи нѐ да живееме така што во своето секојдневие веќе би ја живееле твојата полнота. Во својата понизност и трпеливост ти ги прифати сите човечки сопнувања, како дел од твојот крст и твојата мака. Затоа страдањата и борбите кои секојдневно ги поднесуваме ни помагаат да живееме во подлабоко заедништво со тебе и со браќата и ни стануваат можност за раст. Помогни ни трпеливо и храбро да се соочуваме со нашиот сопствен живот, полни со доверба во твојата поддршка. Амин.

***

Мој единствен Исусе, со мене прави што сакаш и додека ти тоа го посакуваш, не осврнувајќи се ниту на моментите на моите чувства и мојата болка. Твоја сум. Втисни го во мојата душа и живот страдањето од твоето Срце.

***

Со радоста на Срцето Исусово, исполни го моето срце. Со сочувството на Срцето Исусово, допри го моето срце. Со љубовта на Срцето Исусово, запали го моето срце. Со мирот на Срцето Исусово, зајакни го моето срце. Со понизноста на Срцето Исусово, направи го понизно моето срце. Со светоста на Срцето Исусово посвети го моето срце. Со чистината на Срцето Исусово, очисти го моето срце. Амин.

***

Исусе секој ден те слушаме во тишината. Во таа тишината ти ни зборуваш, зборуваш на нашите души и ние во тие длабочини го слушаме твојот глас. Во тоа молчење наоѓаме нови сили за вистинско заедништво со тебе. Тие сили ни се потребни за да би го исполниле она што ти од нас го бараш. Затоа те молиме нашата молитва нека биде во склад со твојата волја, во склад со нашите постапки и дела, нека нашиот живот биде одраз на твојот живот. Амин.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот