Во вторник, 6 август 2024 година, полициски службеници го пресретнаа брендираниот автобус на Фондацијата CitizenGO и ги приведоа членовите кои го возеле низ Париз, привлекувајќи внимание за исмејувањето на христијаните во контекст на Олимписките игри, објави фондацијата.
Автобусот со натпис „Стоп за нападите врз христијаните“ од 9.00 часот наутро возел низ градските улици и во текот на денот без проблеми поминал покрај стотици полицајци. Меѓутоа, во 19.00 часот, по политичка наредба од високи функционери, полициски службеници го опколиле автобусот и под закана со пиштол го запреле. Шест членови на фондацијата CitizenGO и возачот се приведени во полициска станица. Потоа биле врзани со лисици и пренесени во друг безбеден објект. Им ги одзеле сите работи, претресени се, незаконски им бил забранет пристап до лични адвокати, а на некои не им било дозволено ниту телефонски да им се јавуват на членовите на семејството, а биле приведени по непостоечка пријава.
Притворените биле изложени на психолошки притисок и закани за продолжување на затворската казна и ноќта ја поминале во тешки услови, некои без храна и вода. И покрај недостатокот на правна основа за нивното апсење, било потребен значителен притисок од адвокатите на CitizenGO за да бидат ослободени, што се случи дури после 4.00 часот наутро.
Официјално, членовите на CitizenGO се приведени поради „организирање протести без одобрение на француската влада“.
Сепак, според францускиот адвокат на CitizenGO, немало протест. „Невозможно е да се направи кривично дело за непријавување протест затоа што не може да има протест со едно возило. Обвинителот го прошири законот до крајни граници за да го запре автобусот и да ја ограничи нивната слобода на говор. Покрај тоа, постапката беше нередовна. По правен притисок, властите беа принудени да го ослободат нашиот храбар тим бидејќи сфатија дека не можат да ги затворат без правна основа“, рече адвокатот.
Кампањата на CitizenGO „Стоп за нападите врз христијаните!“ досега се поддржани од илјадници донатори и повеќе од 390 илјади граѓани од целиот свет. Нејзината намера е да протестира против антихристијанската церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз, која промовира омраза. Од последната Олимпијада во 2021 година, повеќе од пет милиони христијани се раселени од своите домови и се соочени со прогонство, но организаторите испланираа навредлив настап во кој ќе се потсмеваат на Тајната вечера, соопштуваат од фондацијата.
Ика/к.мк