Околу 1300 мисионери на возраст од 18 до 33 години од Велики вторник до Велигден ќе престојуваат во 13 рурални подрачја и во затвори за млади во Парагвај, со цел служење и навестување на Радосната вест на илајдници млади и возрасни кои немале прилика да ја слушнат.
Верата на младите мисионери е цврста и многу од нив продолжуваат со својат ангажман во Црквата – изјави за агенцијата Фидес о. Педро Килке, црковен управник за Мисиите на католичките универзитети, претставувајќи ја иницијативата.
Една учесничка, младата Химена која веќе минатата година учествувала во иницијативата, истакна дека отсекогаш сакала подлабоко да ја проживее Великата седмица. Коментирајќи го своето минатогодишно искуство рече дека била свесна дека ќе мора да излезе од својата удобност и дека во молитвата ќе се сретне со многу свои проблеми, но исто така знаела дека тоа ќе биде момент на полнота.
Секое подрачје добива млади мисионери три години последователно за на тие заедници да им се даде цврстина. Во многу заедници заради бројни причини (одалеченост, проодноста на патиштата за време на дожд, заради недостаток на свештеник) света Литургија се служи еднаш месечно или дури поретко – објаснија организаторите.
Бруно еден од учесниците во иницијативата, рече дека од таа причина многу луѓе со кои се среќаваат мисионерите наликуваат на живиот Исус. Освен тоа рече дека заради гуџаратскиот јазик кој се зборува во поголемиот дел на Парагвај, но многу ретко се користи во големите градови, тешко разбираат што луѓето сакат да им кажат. Но, она што е важно е нашиот став на слушање – објасни и додаде: Кога тоа ќе го почувствуваат, луѓето се чувствуваат сакано и се отвораат, дури се ослободуваат од товорат во своето срце. Рубен од Чиле кој живее во Парагвај кој исто така учествувал во иницијативата, призна дека го сретнал Бог во детските очи полни со живот, во нежното прифаќање кое го примил од првиот момент.
Иницијативата на Мисијата на католичките универзитети ова година ќе се одржи по 18 пат, а е вдахната од истоимента иницијатива на Папскиот католички универзитет во Чиле. Иницијативата ја спроведуваат и промовираат млади луѓе со различни харизми и кои припаѓаат на различни црковни движења. Радоста, воодушевувањето, семејниот дух, како и длабката духовност се карактеристични за парагвајскиот народ, ги придвижуваат младите мисионери кои ќе ги посетат домовите на жителите на селата, носејќи го со себе Светото Писмо и иконата на Блажена Дева Марија. На крајот спомнуваме дека 56% од вкупното население на Парагвај е помладо од 30 години.
РВ/к.мк