На 1 април 2017 година со Мото Проприо на Папата со наслов: „Sanctuarium in Ecclesia“, надлежносста со а католичките светилишта во целиот свет од Конгрегацијата за клер се префра на Папскиот совет за нова еванглеизација. На тој начин советот ќе биде директно одговорен за воспоставување на меѓународни светилишта и одобрување на нивните статути, за проучување и примена на мерки со цел за поттикнување на евангелизациска улога на светилиштата, како и за негување на народните побожности во тие светилишта.
Понатаму Папскиот совет за нова евангелизација ќе биде надлежен за унапредување на душогрижништвата во светилиштата како „покренувачка сила на новата евангелизација“, а со тоа и поттикнување како на национални, така и на меѓународни средби со цел за пасторална обнова на народните побожности, како и поклоненија во светите места.
Освен тоа Папскиот совет ќе биде надлежен и за формација на кадри во светилиштата, а една од улогата ќе биде и „будноста“ со што на поклониците ќе и понуди доследна и постојана духовна и црковна помош. Исто така овој Папски совет ќе биде надлежен и за културното и уметничкото унапредување на светилиштата во склад со via pulchritudinis како еден од специфичните начини на евангелизација.
РВ/к.мк