Папата ќе учествува на Светскиот ден на млади во Панама

Папата ќе учествува на Светскиот ден на млади во Панама

На 9 јули 2018 година, директорот на канцеларијата за печат на Светиот Престол официјално објави дека папата Фрањо ќе учествува на Светскиот ден на млади во Панама, кој ќе се одржи во јануари 2019 година.

По повод Светскиот ден на млади кој ќе се одбележи во Панама и прифајќајќи го повикот од владата на Панама и епископите, папата Фрањо од 23 до 27 јануари 2017 година ќе ја посети таа латино американска земја – соопшти на 9 јули Грег Бурке директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Овој ќе биде третиот Светски ден на млади на кој Папата ќе учествува: првиот беше во 2013 година во Бразил, само неколку месеци после изборот, а потоа учествуваше на Светкиот ден на млади во Полска во 2016 година.

Што е Светски ден на млади?

Светски ден на млади е средба на млади луѓе од целиот свет со Папата, а обично се одбележува на секоја трета година. Тој настан им овозможува на младите да ја искусат универзалноста на Црквата и да ја споделат својата вера во Исус Христос.

Панамскиот претседател Хуан Карло Варела во твитер пораката која ја објави на 9 јули истакна дека ја дели радоста и возбудата на панамскиот народ заради официјалната објава дека папата Фрањо ќе учествува на Светскиот ден на млади.

Регистрацијата на Папата

Со соопштение објавено на 9 јули официјално е најавена посетата на Папата, но уште на 11 февруари оваа година за време на молитвата Ангел Господов папата Фрањо се пријави за Светската средба на млади. Притоа ги повика младите од целиот свет да го живеат тој настан на милости и братства со вера и воодушевување, без разлика дали ќе отидат во Панама или со учество во сопствените заедници.

Видео пораката на Папата за Светскиот ден на млади

Во март минатата година е објавена видео порака на папата за Светскиот ден на млади во Панама. Светиот Отец во таа прилика ги повика младите да го свртат својот поглед кон Блажена Дева Марија додека се подготвуваат за таа средба. Марија не се затворила во својата куќа, не спаѓала во „кауч-млади“ која бара удобност и сигурност, не сакајќи никој да ѝ пречи – истакна папата Фрањо и додаде, била поттикната од верата, затоа што верата на срцето е целокупната животната приказна на Нашата Мајка.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот