Папата ќе служи Литургија со сиромашните на кои им помага бискупијата Албано

Папата ќе служи Литургија со сиромашните на кои им помага бискупијата Албано

Во соопштението на Префектурата на Папскиот двор се наведува дека папата Лав XIV ќе го посети светилиштето на Света Марија од Ротондата во градот Албано, во областа Лацио. По таа посета, ќе следи молитвата Ангел Господов во Кастел Гандолфо и заеднички ручек со сиромашните.

Во недела, на 17 август, со почеток во 9:30 часот наутро, Светиот Отец ќе го посети светилиштето на Света Марија од Ротондата во Албано, каде ќе служи света Литургија заедно со сиромашните на кои им служи локалната епархија, како и со работниците на епархиската Каритас. Во пладневните часови ќе се моли Ангел Господов на плоштадот Либерти во Кастел Гандолфо – стои во соопштението на Префектурата на Папскиот двор.

Потоа, Светиот Отец ќе има братски ручек со корисниците на оваа добротворна установа, во просториите на „Борго Лаудато си“, во рамките на Папските вили во Кастел Гандолфо – соопштува локалната епархија. Ручекот е организиран од страна на епархијата во соработка со Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој. Покрај епископот Винченцо Вива, на ручекот ќе учествуваат околу стотина лица: корисници на семејни домови и засолништа од регионот, гости на епархиското засолниште во придружба на директорот Алесио Роси, како и неколку волонтери.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот