Во среда, 8 март, Светиот Отец упати честитки до сите жени по повод нивниот Ден, во која им се заблагодари за нивната посветеност во изградбата на похуман свет
На Меѓународниот ден на жената, мислам на сите жени: им благодарам за нивната посветеност за изградбата на похуман свет, нивната способност да гледаат на светот со креативно око и нежно срце. Тоа е ексклузивна привилегија на жените! Посебен благослов за сите жени кои се на плоштадот, рече Папата во поздравот до италијанските верници.
Папата Фрањо им честиташе на сите жени за време на редовната Генерална аудиенција во среда 8 март 2023 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан, потсетувајќи на Меѓународниот ден на жената, кој се слави токму на овој ден.
Светиот Отец ги поздрави и болните, старите лица и младите брачни парови кои беа присутни на аудиенцијата и ги благослови.
Во ова време на Велики пост, рече Папата, одете храбро по Христовите стапки, наследувајќи ја неговата понизност и верност кон Божествената волја.
Мисли за украинскиот народ
И ве молам, драги браќа и сестри, истакна Папата, да не ја заборавиме болката на измачениот украински народ кој многу страда… Нека бидат секогаш присутни во нашите срца и во нашите молитви…
Папата Фрањо на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар ја продолжи серијата катехези за ревноста за евангелизација и зборуваше за апостолската ревност на верниците која треба да го разгори секој од нас за да можеме да ги евангелизираме другите.
Ватикан њуз/к.мк