Луѓето кои се искористувани во криминалната трговија со луѓе не се роба, туку човечки личносит и како такви треба да се почитуваат.
На 30 јули се одбележува Меѓународниот ден за борба против трговијата со луѓе. Моментално повеќе од 40 милиони се жртви на таа појава која папата Фрањо ја нарекува криминално пореметување кое на луѓето им ја одзема слободата и достоинството, но и поттикнува да престанеме да бидеме лицемери, затоа што има многу учество во тоа зло.
Слушнете го крикот на многу браќа кои се искористувани во криминалната трговија со луѓе. Тие не се роба, туку човечка личност, и како такви треба да ги почитуваме – напиша Папата во својата твитер порака која ја објави на 30 јули 2018 година.
На 29 јули 2018 година, за време на молитвата Ангел Господов, во пресрет на Меѓународниот ден за борба против трговијата со луѓе во 2018 година, Светиот Отец рече дека трговијата со луе е зло кое сведува на ниво на ропство на многу луѓе, жени и деца со намера да се искористуваат како работници и како сексуални робови, да тргуваат со нивните органи, да ги користат како просјаци и да ги присилуваат на криминал. Трговците и експлоататорите често ги користат миграциските рути за да најдат нови жртви за трговија со луѓе. Сите се одговорни во осудата на оваа неправда и спротивставување на ова срамно зло – предупреди Светиот Отец.
Безброј пати папат Фрањо силно го осудува тоа срамно современо ропство и многу учества кои тоа го овозможуваат.
Според податоците на Меѓународната организација за работа (ILO) и глобалната организација која се бори против современото ропство „Walk Free Foundation“, повеќе од 40 милиони луѓе ширум светот се вклучени во појавата трговија со луѓе, а 71% од тој вкупен број се жени и девојки. Повеќекратни облици на трговијата со луѓе се: тргување со мигранти, присилна работа, работа на малолетници, сексуално искористување, трговија со органи, регрутирање во вооружени групи, однапред договорени и предвремени бракови и питачење.
Обединетите нации во 2010 година усвоија глобален план за сузбивање на трговијата со луѓе и ги поттикна владите во сите земји на глобална соработка, свесни дека е потребно да се поддржат напорите на државите за да се заштитат жртвите и да се обезбедат нивните права. Токму заради тоа Генералното собрание на Обединетите нации го одредува 30 јули за „Ден на борбата против трговијата со луѓе“ кој оваа година се одбележува на тема „Помогнете им и заштитете ги жртвите на трговијата со луѓе.“
Тргувањето со луѓе е едно од најсрамните зла – напиша Бан Кимун генералниот секретар на Обединетите нации до 2016 година. Тоа е немилосрдно кршење на човековите права со кое се тргува, продава, искористува, злоупотребува и упропастуваат човечки животи – додава. Недостатокот на работа и образование, сиромаштвото, конфликтите, корупцијата, посебно меѓу силите на редот и оние кои се задолжени за надзорот на границите, се само некои од причините за трговијата со луѓе, како и претерано рестриктивните миграциски политики кои на крајот поттикнуваат незаконски миграциски правци, и со тоа ропство. Трговијата со луѓе стана глобална криминална компанија која создава незаконска заработка вредна повеќе милијарди долари годишно.
И покрај големите напори на многумина, современото ропство и понатаму е страшна чума која во голема мерка е присутна ширум светот, па и во туризмот – рече папата Фрањ на 2 декември 2014 година по повод потпишувањето на Заедничката декларација на верските водачи против современото ропство. Тоа ропство Папата го опиша како „злосторство против човештвото“, „ужасен феномен“, „страшен пазар“, кое се „маскира зад изглед на прифатените навики.“
Тргувањето со луѓе е злосторство против човештвото и тоа е пораз за сѐ: Каде е твојот брат роб? – напиша папата Фрањо во апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“. Каде е тој кој секој ден го убивате во малата незаконска фабрика, во мрежата на проституцијата, во децата кои ги користете за питачење, во оние кои мора да работат непријавени, затоа што ги немаат потребните дозволи? Да не се преправаме како тоа да го нема. Има многу соучесништво. Тоа е прашање за сите луѓе! Во нашите градови се вкоренило тоа мафијашко и криминално злосторство, а на многумина рацете им се крвави заради удобното и немо соучесништво.
Папата нагласи дека уште многу треба да се направи за да се подигне нивото на свеста на јавното мислење во однос на појавата на трговија со луѓе. Во пораката за Светскиот ден на мирот 1 јануари 2015 година, Светиот Отец истакнува дека токму од таа причина упатува силен апел до сите луѓе со добра волја, а и до сите оние кои од блиску или од далеку дури и на највисокото институционално ниво се сведоци на чумата на современото ропство, да не бидат соучесници во тоа зло, да не го свртуваат погледот од страдањето на своите браќа и сестри кои се лишени од слобода и достоинство.
Ватикан њуз/к.мк