На светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 19 март 2020 година, папата Фрањо се молеше за браќата и сестрите кои се во затвор и повика на духовна причест и заедништво.
Да се молиме за браќата и сестрите кои се во затвор. Многу трпат заради неизвесноста од она што ќе се случи во затворот и затоа што мислат на своите семејства; како се, дали некој е болен и дали нешто им недостасува. Да бидеме блиску до затворениците кои многу страдаат во овој момент на несигурност и жалост – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта. Коментирајќи го Евангелието за денешната Литургија, Папата говореше за свети Јосиф, праведникот, односно човек на верата кој бил способен да влезе во Божјото таинство и потсети на важноста на молитвата Обожавање.
Евангелието ни кажува дека Јосиф бил праведен, односно човек со вера кој ја живеел верата – рече Светиот Отец и истакна, човекот кој може да биде ставен на списокот на сите оние луѓе на верата кои денес ги спомнавме во библиските читања; луѓето кои ја живееле верата како темел на она на што се надеваме, како гаранција и доказ на она што не се гледа. Јосиф бил човек на верата и заради тоа бил праведен. Не само затоа што верувал, туку затоа што ја живеел верата. Бил праведен човек кој бил избран да го воспитува човекот кој бил вистински човек, но и Бог.
За воспитувањето на таков човек требало Бого-човек, но немало – рече папата Фрањо и истакна: Господ избрал прведник и човек на верата. Тој бил човек способен да биде човек и способен да разговара со Бог и да влезе во Божјото таинство. Таков бил животот на Јосиф. Да го живее своето звање, својот човечки живот и да влезе во таинството. Тој бил човек способен да разговара со Божјото таинство. Не бил сонувач. Во таинството влегувал на истиот природен начин со кој го работел својот занает, со истата точност на своето занимање. Бил способен милиметарски во дрвото да направи некој агол, знаел како тоа да го направи, бил способен да намали и тенката површина на дрвото за милиметар.
Јосиф бил точен. Но, бил способен да влезе во таинството кое не можел да го контролира – рече Папата и напомена: Тоа е светоста на Јосиф; праведно и професионално да го живееш својот живот и своето занимање, и во вистинскиот момент да влезеш во таинството. Кога Евангелието ни зборува за соновите на Јосиф, ни помага да сфатиме дека влегува во таинството. Денес на празникот на свети Јосиф, мислам на Црквата. Дали нашите верници, епископи, свештеници, богоспосветени лица и Папата се способни да влезат во таинството? Треба ли да го уредат својот живот во согласност со прописите кои ги штитат од она што не можат да го контролираат.
Кога Црквата ја губи спсобноста за вложување во таинството, ја губи способноста за обожавањето – рече Светиот Отец и продолжи: Молитвата Обожавање може да се одвива само кога ќе се влезе во Божјото таинство. Да Го молиме Господ за милоста Црквата да може да живее во конкретниот секојдневен живот и под наводници во конкретноста на таинството. Ако тоа не би можела да го прави, ќе биде делумна Црква, ќе биде побожно здружение, ќе ја водат прописите и ќе биде без чувството за обожавање. Да се влезе во таинството не значи да се сонува, туку поточно, да обожаваш. Да влезеш во таинството значи денес да го правиш она што во иднина ќе го правиш, кога ќе дојдеме во Божјото присуство, односно да обожаваш .
Сите оние кои се далеку и кои светата Литургија ја следат преку телевизија, повикувам на духовно заедништво – поттикна папата Фрањо и додаде: Пред твоите нозе, Исусе мој се поклонувам и Ти го давам своето скрушено срце кое се кае и се спушта во својата ништожност и во твоето свето присуство. Ти се поклонувам во светата Тајна на Твојата љубов, сакам да Те примам во сирмашното престојувалиште кое Ти го дава моето срце. Очекувајќи ја среќата за светотаинско заедништво, сакам да Те поседувам во духот. Исусе дојди кај мене, дај да дојдам кај Тебе.
Нека Твојата љубов го запали целото мое битие на живот и смрт. Верувам во Тебе, се надевам во Тебе, Те љубам. Така нека биде – молеше Папата пред завршувањето на светата Литургија во оваа тешко време заради пандемијата од коронавирусот кој во Италија и во други земји предизвика укинување на светите Литургии со верниците, за да се избегне заразата. Папата светата Литургија ја заврши со Евхаристиско обожавање и благослов.
Ватикан њуз/к.мк