Папата Фрањо прими 1.300 сиромашни лица во Ватикан на специјален ручек во салата за аудиенција Павле VI. по повод 8. Светски ден на сиромашните, кој се одбележува на тема „Молитвата на сиромашните се вознесува кон Бога“. Светиот Отец им се заблагодари на сите што помогнаа да се овозможи ова и на сите оние ширум светот во локалните епархии и парохии кои промовираат иницијативи за солидарност со оние кои се во потреба.
За време на ручекот за 1.300 луѓе од целиот град на кои им е потребна помош, папата Фрањо изрази благодарност до сите оние кои во епархиите и парохиите ширум светот презеле иницијативи за солидарност со најранливите. Специјален ручек за 1.300 гости кои беа пречекани од папата Фрањо, а околу 340 волонтери од Италијанскиот Црвен крст го послужија оброкот.
За време на молитвата Ангел Господов, кратко пред почетокот на ручекот, папата Фрањо потсети дека оваа недела на 17 ноември е Светски ден на сиромашните, а овогодинешната тема е „Молитвата на сиромашните се вознесува кон Бога“. И рече дека сите можеме да си ги поставиме овие прашања: „Дали ќе останам без нешто ако дадам нешто на сиромашните? Кога дарува милостина дали ја допирам раката на сиромашниот и дали го гледам во очи? Браќа и сестри, да не заборавиме дека сиромашните не можат да чекаат!”
Убавината на едноставните гестови
Кардиналот Конрад Крајевски префект на Дикастеријата за милосрдие, кој го организираше приемот, за ватиканските медиуми објасни зошто папата Фрањо не се заморува од повторување на овој годишен гест: едноставно да се следи примерот на Исус, „да се врати достоинството на луѓето“. Росарио Валастро, претседател на здружението кое секојдневно дистрибуира производи и пакети со храна за помош на бездомниците ја нагласува важноста на едноставните работи и малите гестови. Животот на работ на општеството, во осаменост, да не биде невидлив за нашите очи, ниту да им го избрише човечкото достоинство.
Ручекот вклучуваше мени со зеленчукова лазања, спанаќ и полнето говедско лебче, пире од компири, овошје и десерт. На крајот, секое лице доби ранец со храна и средства за лична хигиена, дар на оците Лазаристи.
Ватикан њуз/к.мк